1. Забрането е да се навредуваат другите членови (било да е тоа на
расна или национална основа или на кој било друг начин), исто како и
вознемирување на другите корисници (спамирање, малтретирање преку
приватни/јавни пораки)
2. Забрането е да се отвораат политички теми
Санкции за кршење на правилата: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ / ИСКЛУЧУВАЊЕ АКО СЕ ПОВТОРУВА ПОВЕЌЕ ПАТИ
НАПОМЕНА!:
Секој обид да се навредуваат модераторите, да се нарекуваат со погрдни
имиња, индолентниот однос спрема нив и сл. – нема да се толерира затоа
што и Вие како членови се наоѓате во нивната куќа.
НЕКОЛКУ КРАТКИ УПАТСТВА:
- Некултурно е да се дискутира за сосема друга работа во наведената тема, во спротивно модераторите ќе реагираат.
- Поставувањето на темите и водењето на дискусиите е прифатливо
единствено на македонски јазик. Конверзација на било кој друг јазик,
барем засега, не е прифатлива.
- Некултурно е да се поставуваат прашања на кои во догледно време е веќе одговорено и можат да се најдат со функцијата (SEARCH)
- Тестирањето на функциите на форумот може да се врши само во форумот
TEST FORUM. Тестирањето во другите форуми не е ниту малку пожелно.
-Некултурно е на форумот да се пишува со големи букви (Caps lock)
бидејќи тоа значи дека со повишен тон му се обраќате некому на форумот.
- Промената на поставките – бројот на прикажани теми / пораки по страница може да се изврши во вашиот профил
- Ве молиме да се придржувате кон правилата и упатствата со што вашиот
престој на форумот би бил што позабавен, поедноставен, и се разбира
поучен.